Фридрих Мерц / EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Мерц: Стариот светски поредок заврши

Стариот светски поредок, на кој Западот се навикна, веќе заврши, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на економска конференција организирана од весникот „Зидојче цајтунг“, пренесе агенцијата Анадолу.

Мерц истакна дека сè уште не е јасно како ќе изгледа новиот поредок, но дека тој може да се формира само „заедно со нашите европски соседи“.

Во исто време, канцеларот нагласи дека самата Германија се соочува со невидени предизвици – можеби најразновидните во повоената историја на земјата.

Меѓу нив, Мерц ги наведе конфликтот во Украина, односите со Кина и трговските несогласувања со САД.

Според него, ЕУ мора да се трансформира поради растечките предизвици за меѓународната безбедност, а Германија мора да преземе „поголема одговорност“ за Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот