Менче Точи го напушта новинарството – ќе раководи со односите со јавност во Фондот за здравство

Фото: Менче Точи/Фејсбук

Новинарката Менче Точи денеска соопшти дека преминува на ново работно место – раководител на секторот за односи со јавност во Фондот за здравствено осигурување

„Драги пријатели и непријатели 🙂 Сакав да ви соопштам нешто јавно, кога ќе дојдеше момент. Но, бидејќи почнаа да сатанизираат на Твитер, на официјален документ на Агенција за администрација, ве известувам: По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување“, напиша таа на Фејсбук.

Таа вели дека конкурирала на оглас во Фондот, а за тоа раководно место немало друг пријавен. Одлуката е донесена на 21 јануари годинава, врз основа на оглас објавен во декември лани.

„Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата голема љубов – новинарството, е токму лошата состојба и непрофесионализмот кој сѐ повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓаните со нивниот говор на омраза и навреди. Иако, непосредно, пак ќе бидам поврзана со медиумите

Помогнав на многу луѓе, таму каде можеше, извршив притисок да се сменат закони и некои работи во здравството. Се надевам еден ден, по пензионирање, ако имам желба ќе се вратам со пишување колумни или емисија или пак, со книга. Дотогаш, да сме здрави и живи! Ништо повеќе не треба! Ви благодарам на поддршката“, напиша Точи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот