Мемети: Инспиративна заедничка борба на лекарите и пациентите (ВИДЕО)

Облечена со скафандер, маска, два пара нараквици, по некое време телото едноставно не може да функционира лесно. Станува топло под сите тие слоеви, дишењето е отежнато од маската, а наочарите цело време се замаглуваат.

По одреден период едноставно не можев повеќе да фотографирам, додека покрај мене луѓето од интензивна нега, кои со часови ја носат таа облека, функционираа нормално, напиша на Фејсбук фотографката Арбнора Мемети за своето искуство од посетета на Инфективната клиника во Скопје.

-И покрај несериозниот пристап на граѓаните кон ситуацијата, и покрај многуте жртви кои ја изгубија битката пред нивни очи, овие луѓе упорно продолжуваат да се борат ризикувајќи го нивниот живот за да спасат друг, напиша меѓудругото фоторепортерката Мемети на својот профил на Фејсбук.

-Забележав многу добар третман на Клиниката и една заедничка борба на лекарите со пациентите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ фоторепортерката Арбнора Мемети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот