Џорџа Мелони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Мелони: Израел веднаш да ја запре кампањата во Газа

Израел мора веднаш да ја запре својата кампања во Газа и да ги заштити цивилите во палестинската енклава, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони.

„Израелскиот одговор доби неприфатливи форми и мора веднаш да престане, заштитувајќи го цивилното население“, рече Мелони, според Анса.

Италијанската влада долго време изразуваше поддршка за Израел, но италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани минатата недела изјави дека продолжувањето на нападот на Израел врз Појасот Газа станало неприфатливо и мора веднаш да престане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот