Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум/EPA-EFE

Мексико испраќа хуманитарна помош за Куба и повторно ја критикува американската блокада

Мексико повторно испраќа хуманитарна помош за Куба и нема да ја промени својата позиција против американската економска блокада кон островот, изјави претседателката на државата, Клаудиа Шејнбаум, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Таа потврди дека кон Куба веќе е испратен брод со хуманитарна помош и порача дека Мексико ќе продолжи да покажува солидарност со земјата.

„Испраќаме хуманитарна помош. Денес кон Куба заминува брод со помош. Мексико секогаш ќе дејствува со братство и солидарност кон сите народи во светот, а особено кон Куба. Веруваме во самоопределување на народите, принцип кој е вграден и во мексиканскиот устав. Не се согласуваме, ниту некогаш сме се согласувале со блокадата против Куба уште од моментот кога беше предложена во 1962 година“, изјави Шеинбаум.

Мексиканската претседателка додаде дека нејзината влада ќе продолжи да испраќа помош сè додека постојат хуманитарни потреби на островот.

Изјавата доаѓа во период кога Куба повторно се соочува со сериозни економски и енергетски проблеми, додека американските санкции и понатаму остануваат една од главните точки на спор меѓу Хавана и Вашингтон.

Америка „енергетски ја изгладнува“ Куба со нафтената блокада, велат Обединетите нации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот