Томас и Меган Маркл / Фото: Profimedia

Меган Маркл испратила писмо до својот татко, на кого неодамна му беше ампутирана ногата

Портпаролот на Меган Маркл изјави дека таа успеала да му испрати писмо на својот татко кој е во болница по итната операција која ја имаше неодамна, и покрај тоа што „Дејли мејл“ ги прекршил јасните етички граници со известувањето од неговата болничка соба, пренесуваат  странските медиуми.

Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, е во болница на Филипините откако му беше ампутирана ногата. Меган, која се омажи за принцот Хари во 2018 година, се обидувала да стапи во контакт со него, по години отуѓеност.

– Со оглед дека новинарот на „Дејли мејл“ бил покрај неговата постела во секое време, објавувајќи ја секоја интеракција и прекршувајќи ги јасните етички граници, за војвотката беше исклучително тешко приватно да го контактира својот татко, и покрај нејзините напори во последните неколку дена – рекол портпаролот.

– Со поддршка на сигурни и проверени контакти, нејзината преписка сега е безбедно во негови раце – додал тој.

Конгломератот „ДГМТ“, кој е сопственик на „Дејли мејл“, не беше веднаш достапен за коментар.

Меган и нејзиниот татко се отуѓени уште од пред нејзината свадба со Хари. Неколку дена пред свадбата, Томас Маркл рекол дека нема да присуствува поради лошо здравје, откако признал дека договорил папарацо фотографии.

Таткото на Меган Маркл сака интервју со Опра Винфри: Фотографиран како лично доставува писмо до водителката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот