Меган Маркл, Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: Profimedia/ EPA-EFE/NINA PROMMER

Меган Маркл има за цел да стане милијардерка: Клучна улога ќе има Џеф Безос?

Војвотката од Сасекс повторно е во центарот на вниманието и тоа поради новиот пријател во нејзиниот круг на избрани личности. Станува збор за, ни помалку ни повеќе, основачот на Амазон, Џеф Безос, за кого експертите за кралското семејство тврдат дека токму тој може да биде клучен за нејзините деловни амбиции.

Откако минатиот викенд Меган Маркл и принцот Хари уживаа во вилата на Џеф Безос, каде се одржа прославата на 70-от роденден на Крис Џенер, започнаа шпекулации дека, иако се работеше за приватен настан, средбата има деловна и стратешка важност, пишува „Дејли Мејл“.

Сето ова се случи неколку недели по објавувањето дека Меган се враќа на актерската сцена, и тоа во филмот „Close Personal Friends“, кој се продуцира од „Amazon MGM Studios“. Филмот, во кој војвотката се игра самата себе, се снима заедно со ѕвездите како Лили Колинс, Бри Ларсон и Џек Квејд.

Кралскиот биограф Ричард Фицвилијамс веднаш истакна дека за Меган поврзаноста со Безос може да биде клучна, особено додека го гради својот бренд „As Ever“ и се обидува повторно да го освои Холивуд.

„Меган многу ја цени можноста за соработка со Безос, еден од најбогатите луѓе во светот. Амбициите ѝ се големи и јасно е дека бара поддршка од влијателен тајкун“, коментираше Фицвилијамс.

Сака да стане милијардерка

Додаде дека враќањето на филмската сцена може војвотката и Хари повторно да ги доведе на големи настани, како доделувањето на Оскарите, што дополнително би го зголемило нивниот углед. Според Фицвилијамс, Меган „не е само амбициозна, туку и многу решителна во своите цели“, а некои извори тврдат дека војвотката сака да стане милијардерка.

Иако минатите проекти со Нетфликс и Спотифај беа помалку успешни отколку што се очекуваше, токму поддршката од Безос би можела да отвори врати за нови можности и дополнително да го зајакне брендот на Меган.

Интересно е и тоа што Безос и неговата сопруга Лорен Санчез инвестираат во проекти на млади холивудски ѕвезди, како Сидни Свини, која подготвува луксузна линија долна облека со нивна финансиска поддршка. Експертите сметаат дека Меган би можела да добие слична можност, особено по најавената соработка со „Amazon MGM“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот