Меган Маркл ги „вработила“ своите деца: Еве што продаваат за време на викендите на локалниот пазар
Меган Маркл неодамна откри во едно интервју дека нејзиното семејство одгледува многу зеленчук и дека децата помагаат во продажбата.
Препорачано
Војвотката од Сасекс откри дека принцот Арчи и принцезата Лилибет имаат посебна задача да ги научат на вредноста на парите – тие помагаат да се продава зеленчук одгледуван во нивната градина на локалниот пазар, пишува „Дејли мејл“.
Во интервју за подкастот „Aspire with Emma Grede“, Меган објасни дека сака да ги научи своите деца како сè има вредност.
„Понекогаш поставуваме мала тезга на пазарот. Сакаме да им покажеме на Арчи и Лилибет колку е важно да се разберат парите и привилегиите што ги имаат“, рекла Меган, додавајќи:
„Сè има цена и вредност и мислам дека е клучно децата да го разберат тоа, особено оние кои имаат голема среќа да имаат дом каде што уживаат привилегии. Градинарството е навистина одлично за децата затоа што ги учи на трпение и им дава можност да ја ценат и почитуваат храната што ја ставаме на масата.“
Принцот Арчи, шест години, и принцезата Лилибет, четири години, се страсни градинари и имаат сопствена опрема за да им помагаат на своите родители во градината. Меган истакна како децата ги сфаќаат домашните работи сериозно и се многу посветени на нив.
„Нашите деца имаат вистински алатки за градинарство, тие се сериозни во врска со тоа. Мислам дека е убаво да им се даваат на децата семиња што можат да ги садат, работи што можат да ги гледаат како растат, како грашок и босилек“, открила Меган во нејзиното шоу на Нетфликс „Со љубов, Меган“.


