Меџити: Полошо поминува граѓанин што на диво сечел дрва, отколку политичар со милионски злоупотреби на државниот буџет

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Последната промена на Кривичниот законик, реализирана експресно, тајно, брзо потпишана од претседателот Стево Пендаровски – претставува директен атак кон правната држава, сериозен удар за основните вредности на уставниот систем. Со нив се преминува границата меѓу политиката и судската власт.

Ова го изјави лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити по одржувањето на Основачкиот совет на ДД во Тетово.

Меџити рече дека измените се лоша порака за правдата во нашата држава, затоа што полошо поминува еден граѓанин кој што нелегално сечел дрвја и лежи 3 години затвор поради тоа, отколку еден политичар кој што направил милионски па и милијардски злоупотреби на државниот буџет.

„Пратениците на Демократското Движење, јас, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи воопшто не бевме дел од процедурата за промените во Кривичниот законик“, објасни Меџити.

Според него не е основано образложението на некои структури дека не ги потпишале промените на законот, туку се потпишани од заменик министерот. За Меџити ова е манипулација со јавноста во обид да се избега од одговорност.

„Тие биле дел од овој процес кој што е штетен, и преку правниот сектор во нашето Движење елабориравме каква импликација имаат промените кон предметите во кои како обвинет се јавува Никола Груевски, и следствено со овие промени на него му остануваат само два предмети, што полека му даваaт можност да се врати во Македонија како политички херој, но сите оние кои помогнаа за неговото бегство и сега неговото враќање, ќе излезе во јавноста вистината и ќе сносат одговорност пред компетентните институции и органи”, рече Меџити.

Тој додаде дека таканаречениот европски фронт многу повеќе личи на сицилиски фронт, кој што е длабоко инволвиран во казино бизнисот и на брзите кредити кои претставуваат легализирање на лихварството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот