Меџити од „огнената група“ на ДУИ од утре започнува процедурата за формирање на нова партија

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Изет Меџити од „Огнените“ од ДУИ утре започнува процедура за формирање на нова партија. Според сознанија на ТВ 21, целта е да се обедини опозицискиот фронт.

Или ќе си одиме дома или ќе формираме ново политичко движење, изјави неодамна Меџити.

На прашањето дали имаат име за партијата, тој изјавил дека размислуваат а дебатата одамна е отворена и очекуваат и иницијативи од граѓаните. Лидерот на „Огнените“ информираше дека тоа ќе биде демократско движење, кое поинаку ќе го артикулира мислењето.

На оваа одлука неодамна се спротистави Блерим Беџети, кој е исто дел од „огнената група“. Според него, нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така ќе се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите треба да ги решаваат внатре во партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот