Беџети: Нема потреба „огнените“ да се двојат и да формираат нов политички субјект, така се расцепкува албанското бирачко тело

По предлогот на Изет Меџити, „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети во изјава за Журнал вели дека тие се фракција на ДУИ и се различни, но нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите треба да ги решаваат внатре во партијата.

-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ. Не затоа што Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање на нов политички субјект, туку затоа што нема потреба од тоа, бидејќи така се распарчува албанскиот електорат – потенцира Беџети.

Зборувајќи за соработката со другите опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, Беџети негира такво нешто.

Не сме имале соработка затоа што сме фракција. Се надеваме дека нашите аргументи ќе ги решиме преку дебата во рамките на партијата – додава тој.

Коментирајќи ја политичката состојба во земјава и процесот на уставни измени, Беџети вели дека тие се на ист став како сите во ДУИ и дека овој процес мора да заврши што е можно поскоро.

„Мораме да внимаваме да не ги охрабруваме антиевропските сили, а ние во ДУИ сме на ставот дека ова прашање мора да се реши што е можно поскоро за процесот кон ЕУ да се движи што е можно побрзо“, објаснува Беџети за Журнал.

Раскол меѓу Меџити и Беџети како да продолжат „огнените“: Фракција или партија, прашање е сега!

Според информации на „Слободен печат“ од двата табора, фракционерите идната недела треба да се состанат и да пресечат кој пат ќе го фатат, од што ќе зависи и дали ќе следи нов раскол помеѓу интегративците.

Како аргументи дека се во право, и приврзаниците за нов политички субјект и приврзаниците на фракционерското дејствување во ДУИ се повикуваат на базата, односно дека тоа го бара партиската структура. Според информациите, зад Беџети и зад таборот да остане фракцијата се Муса Џафери и Невзат Бејта, додека поддрша на Меџити за основање партија има од чаирскиот градоначалник Висар Ганиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот