Меџити обвинува: Пратеници на ДУИ планирале да украдат и да исперат милиони евра
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на Фејсбук објави дека фирмата „Хеј“, чиј договор за закуп на деловен простор на Државната лотарија Владата вчера соопшти дека го раскинува, е „фирма на пратеник на ДУИ“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Меџити, преку овој договор била планирана „масовна кражба и перење на милиони евра од страна на високи функционери на ДУИ“.
„Нема враќање назад. Со епидемијата на коцкање ќе се бориме до крај, а коруптивните шеми на политичките казиноџии ќе ги уништуваме без компромис. Ова е само почеток. Кулата изградена со коцкарски карти наскоро ќе се урне, додека нејзините проектанти ќе одговараат пред законот и пред народот“, пишува Меџити.
Меџити беше член и висок функционер на ДУИ од нејзиното основање до лани, кога беше еден од предводниците на т.н. „огнена група“ за реформи во партијата. За разлика од другите „огнени“, кои во најголем дел останаа во ДУИ, Меџити, иако беше потпретседател на партијата, си замина и со нова партија, како дел од коалицијата „Вреди“, стана дел од новата власт.


