Меџити: ЈСП утре ќе добие шест електрични автобуси, а Владата ќе купи уште 120
Шест електрични автобуси утре ќе бидат донирани на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, а воедно Владата ќе донесе одлука да купи 100 до 120 електрични автобуси кои што потоа ќе бидат донирани на јавниот транспорт по општините, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Препорачано
Според Меџити, урбаниот транспорт е еден од главните фактори за аерозагадувањето.
ЈСП пред колапс: Од септември зимскиот возен ред ќе се вози со „летен“ број автобуси
– Главен фактор е тоа што индивидуалните и колективните домувања се греат на се и сешто, што не е по нивна вина. Мислиме во овој дел да го вратиме проектот за гасификација и тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето, второ да се субвенционира и луѓето да се враќаат на централно греење, бидејќи тоа е уште почисто од гасификација – изјави тој.
Директорот на ЈСП, Драги Кушовски летово соопшти дека сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк.
За летен возен ред недостигаат 40 автобуси, изјави директорот на ЈСП


