Меџити: Изборите во ограноците се наместени, Ахмети со декрет поставува свои луѓе

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Внатрепартиските избори на ДУИ, кои се закажани за 2 јули, во некои партиски ограноци се наместени и се спроведуваат спротивно на статутот на партијата – изјави поранешниот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир Изет Меџити во интервју за весникот „Лајм“.

Меџити додаде дека победниците на овие избори однапред се познати и дека станува збор за група на луѓе лојални на Али Ахмети, но не изнесе поединечни имиња. Тој рече дека овие избори нема да бидат признаени од „фракцијата на ДУИ“, алудирајќи на „Огнената група“, на која тој е еден од предводниците.

Меџити вели дека не само во Чаир, туку и во сите други ограноци, „господинот Ахмети со декрет ги поставил луѓето, а сè друго е фарса и театар“.

– Се поставува прашањето: ако се работи за принципот „еден член-еден глас“, тогаш како е можно отсега, однапред, да се знае кои ќе бидат идните преседатели на ограноците? Уште сега се знае кои ќе бидат претседатели на ограноците, како што е случајот со ограноците во Полошко, каде што овој принцип создаде поделби, особено во Тетово, каде ДУИ тешко загуби – вели Меџити.

На прашањето како ќе се однесува со кандидатите кои имаат намера да ја преземат функцијата што тој ја извршувал досега, штом не учествува во трката за огранокот на ДУИ во Чаир, Меџити одговори: „Не учествуваме на тие внатрепартиски избори бидејќи ќе создадеме забуна кај членството и за да не легитимираме недемократски процес, спротивен на статутот на ДУИ. Нема да ги признаеме тие избори.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот