Меџити ги спореди ДУИ и Груби сега со ВМРО-ДПМНЕ и Мијалков пред години

Фото: ТВ21 / принтскрин

„ДУИ не беше ваква. Во последно време, народот зборува дека ДУИ повеќе личи на ВМРО на Сашо или некогашната ДПА“, вели потпретседателот на ДУИ и истакната член на „огнената“ фракција во владејачката партија, Изет Меџити. Тој со ова го објаснува тврдењето дека не успева да го препознае лидерот на партијата Али Ахмети со последните постапки што се преземаат.

-Али Ахмети ваков не го познаваме. Тој беше тој што држеше долги состаноци на Претседателството од 13 до 15 часот, ги слушаше мислењата за и против, никого не оставаше настрана, играше улога на родител. Ги слушаше двете страни и на крај ќе пресечеше“, изјави Меџити вчеравечер во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според Меџити, со дозвола на Ахмети, сега целата власт на партијата е во рацете на Артан Груби. Ова што се случува во партијата не е добра порака за новите генерации кои размислуваат поинаку, вели Меџити, додавајќи дека има случаи кога постојат дилеми дали Груби де факто е претседател на ДУИ.

-Која е пораката за идните генерации на кои сакаме да им ја оставиме ДУИ или албанската политика? Албанците треба да бидат униформирани и да мислат само како што мисли лидерот, а во случајов Артан Груби. На моменти има дилеми дека лидер де факто е Артан Груби-вели Меџити.

Тој заклучува дека сепак Ахмети е главна фигура на ДУИ, основач и тешко е да се помисли на ДУИ без него на чело на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот