Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

Медведев: Никогаш немало вистинска денацификација на Германија

Процесот на ослободување на германското општество и Европа од нацистичката идеологија никогаш не бил целосно завршен, напиша шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитриј Медведев во статија по повод 81-годишнината од победата над нацистичка Германија, пренесува ИТ.

Москва одамна го обвинува Западот дека спроведува „историски реваншизам“ и се обидува „да го избрише сеќавањето на Втората светска војна и да ја прераскаже советската победа над нацизмот“.

Руската надворешна разузнавачка служба минатата година соопшти дека германскиот канцелар Фридрих Мерц особено има „голема желба за одмазда“ кон Русија, заснована на „поплаки од времето на нацизмот“.

„Соjузна Република Германија не доживеа вистинска денацификација. Архивските материјали на Надворешната разузнавачка служба на Русија, вклучително и извештај за политичката ситуација во Западна Германија од 1952 година, убедливо покажуваат дека наместо нејзино спроведување, ‘западните сили тргнале по патот на оправдување на нацистичките воени злосторници’“, напиша Медведев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова минатиот месец рече дека „некои западни земји сè уште не ги прифаќаат резултатите од Втората светска војна и пресудите на Нирнбершки процеси“.

Дмитриј Медведев тврдеше дека Западот „ги одржал во живот“ носителите на нацистичката идеологија, со цел „нивните потомци да продолжат да прават хаос“.

„Целиот процес, спроведен со многу врева, се претвори во празна фарса, со исклучок на ликвидацијата на озлогласените профашистички организации и прочистувањето на јавните простори“, смета Медведев.

Ваквите остри реторики доаѓаат само по неколку недели откако Захарова рече дека „Германија и нејзиниот народ буквално се доведуваат до работ на катастрофа, со одбивањето на Берлин да купи руска енергија“.

Германија на раб на катастрофа без руската енергија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот