Орце Ѓорѓиевски - Амар Мециновиќ

Мециновиќ прифати ТВ-дебата со Ѓорѓиевски: „Во вторник на Канал 5 ќе се судрат визијата и минатото“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, објави дека во вторник ќе учествува на телевизиска дебата на Канал 5, заедно со својот противкандидат во вториот круг од локалните избори – Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати. Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија – релативно млад дуел за Скопје“, напиша Мециновиќ на својот Фејсбук-профил.

Тој додаде дека токму оваа дебата ќе биде можност граѓаните да увидат кој нуди вистинска визија за иднината на главниот град.

„Следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, а кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината“, порача кандидатот на Левица.

Очекувањата се дека дебатата ќе привлече големо внимание кај јавноста, бидејќи се работи за судир на две различни политички концепции и генерации, кои ќе се соочат лице в лице во борбата за градоначалничката функција во Скопје.

Амар или Орце?

Скопјани ќе гледаат спектакл на Канал 5 – Ѓорѓиевски прифати ТВ-дуел со Мециновиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот