Ме бараа Јуве, Барселона и Милан, но јас избрав плажа и пиво
Едмундо Алвеш де Соуза Нето Едмундо во 1990-тите години беше еден од најперспективните фудбалери на светот. Одличните игри за Палмеираш му донесоа повик во бразилската репрезентација, а потоа и до трансфер во Фиорентина.
Препорачано
Поради агресивниот стил на игра го доби прекарот „животно“ и беше омилен играч кај навивачите на Фиорентина. Едмундо открива дека своевремено одбил понуди од едни од најголемите европски екипи, Јувентус, Милан и Барселона.
– Кога бев млад и играв за Палмеираш имав понуди да дојдам во Европа, но сите ги одбив. На 26 години пристигнав во Фиорентина каде добро играв. Тогаш ме бараа и Барселона, Челси, Милан и Јувентус. Но, сите ги одбив и се вратив во Бразил. Навистина бев глупав. Таа одлука ја донесов бидејќи платата ми беше речиси иста, а пред се сакав да бидам слободен и да правам што сакам во Рио де Жанеиро. Тогаш сакав да одам на плажа, да пијам пиво и бидам со преијателите – откри Едмундо.
Најконтроверзниот момент во европската кариера на Едмундо беше во сезоната 1998/99 кога Фиорентина се бореше за шампионската титутла, а тој сред сезона ја напушти екипата за да присуствува на карнвалот во Рио де Жанеиро.


