Маж се качи на кулата на Трамп и побара да разговара со него (ВИДЕО)

Маж на возраст од околу 20 години и наводно член на движењето „Црните животи се важни” се искачил на кулата на Трамп во Чикаго вчера околу 17,30 часот и висел на јаже со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе, пренесува Њујорк пост.

Полицијата соопшти дека човекот се заканил дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи маж како виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и дека има порака за Трамп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам”, рече човекот.

Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги давал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.

“Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам”, рече момчето.

Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.

Засега е непознато како завршила ситуацијата.

(Извор:МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот