Фото: fcvardar.com

Матиќ: Нема потценување, но Вардар сака три бода против Арсими

Есенскиот лидер Вардар денеска од 13.00 часот на Теренот на Фудбалската Федерација на Македонија во Скопје го стартува вториот дел од првенството со домашен натпревар против Арсими во рамките од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Целта е јасна, триумф, затоа што само така „црвено-црните“ можат да ја задржат позицијата што ја имаат, највисоко на врвот пред конкурентите.

Дефанзивецот Мислав Матиќ вели дека Вардар нема да го потцени Арсими и дека тимот е подготвен за квалитетен натпревар и освојување на три бода:

– Еве конечно започнува пролетниот дел од сезоната. Играме против Арсими, а преку анализата видовме дека се многу непријатен противник кој може да изненади со контранапади. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, напорно работевме и се подготвувавме за овој дел од сезоната, со цел да започнеме што е можно подобро, а тоа, секако, е победа. Се разбира, го почитуваме Арсими и нема место за потценување. Ќе дадеме сè од себе за да ја отвориме полусезоната во позитивно светло, да оствариме победа и да продолжиме каде што застанавме – чекор по чекор кон целта – изјави Матиќ.

Моментно на табелата во шампионатот водечки е Вардар со 42 бода, еден повеќе од второпласираната Струга, додека Арсими е на петтото место со 22 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот