Маск, Закерберг, Гејтс и другите шефови на технолошките гиганти во Конгресот разговараа за иднината на ВИ

Илон Маск во Конгреот / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Закерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција.

-Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена, последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот.

Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, а поканети се шефовите на технолошките гиганти, како и застапниците за граѓански права.

Многумина се загрижени дека брзиот технолошки напредок ќе доведе до губење на работни места, повеќе дезинформации на интернет и други штетни ефекти.

-Денес започнуваме огромен, комплексен и витален потфат – поставување на основата за консензуална политика за вештачка интелигенција која Конгресот може да ја претвори во закон, рече Шумер.

Закерберг нагласи дека Конгресот „треба да се осврне на вештачката интелигенција за да ги поддржи иновациите, но и заштитните мерки“. Тој додаде дека „стандардот е подобро поставен од американските компании кои можат да соработуваат со владата за да ги обликуваат овие модели за важни прашања“.

Републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека на Конгресот ќе му треба време да дејствува.

-Дали сме подготвени да го напишеме законот? Апсолутно не, рече Раунд.

Демократскиот сенатор Кори Букер посочи дека сите учесници се согласиле дека „владата има регулаторна улога“, но дека изработката на законодавството ќе биде предизвик.

Моќта и предностите на вештачката интелигенција, како и потенцијалните опасности, се предмет на голем интерес кај научниците ширум светот. Во мај, Сем Алтман, извршен директор на ОпенАИ, компанијата зад Четџишити, сведочеше пред комисијата на американскиот Сенат, опишувајќи ги потенцијалните стапици на новата технологија.

-Мислам дека ако оваа технологија тргне наопаку, може да тргне многу наопаку. Сакаме да бидеме јасни кога зборуваме за тоа. Оптимист сум за вештачката интелигенција, но тоа не значи дека нема да има проблеми на патот, рече Алтман, додавајќи дека сакаат да работат со владата за да спречат тоа да се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот