Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Маск за една година стана побогат за 500 милијарди долари

Илон Маск, мнозинскиот акционер на производителот на автомобили „Тесла“, вселенската компанија „Спејс Екс“, социјалната мрежа „Икс“ и компанијата за вештачка интелигенција xAI, е убедливо најбогатиот човек во светот, дури и кога бројот на милијардери продолжува да расте, објави денеска американското списание „Форбс“.

Неговото богатство се проценува на 839 милијарди долари, во споредба со 342 милијарди долари на листата објавена една година претходно.

Тоа е повеќе од трипати повеќе од богатството на другите двајца членови од првите тројца на листата – коосновачот на „Гугл“, Лари Пејџ (257 милијарди долари) и Сергеј Брин (237 милијарди долари).

Извршниот директор на „Амазон“ Џеф Безос, е четврти (224 милијарди долари), а извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, е петти (222 милијарди долари). Осум места во првите 10 ги држат Американци.

Списанието „Форбс“, кое е познато по своето годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, создадено во 1987 година, објави дека планетата сега има 3.428 милијардери, речиси 400 повеќе од претходната година.

Соединетите Американски Држави имаат најмногу милијардери во светот (989).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот