Мартин Вучиќ објави заедничка фотографија со Драган и напиша нешто што ќе ве растажи сите! (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Мартин Вучиќ денеска на својот профил на Фејсбук сподели емотивна објава која веруваме дека ќе ги насолзи очите на повеќето од вас.

На фотката Мартин е во друштво на неговиот прерано починат татко, познатиот пејач, водител и шоумен Драган Вучиќ. Пораката на Мартин гласи вака:

– За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш ТАТКО над татковците!

Инаку Драган Вучиќ почина на 4 мај како последица на инфекција од коронавирусот. Неговото прерано заминување беше шок за целата јавност која со неверување ја прими оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот