ФОТО | Го смени имиџот и објави провокативни слики: Мартија Станојковиќ каква што не ја знаеме
Младата пејачка Мартија Станојковиќ објави провокативна фотосесија и доби многу коментари дека изгледа одлично со новиот имиџ.
Препорачано
„Не знам колку години ми требаше да се охрабрам да ја скратам косата. Кога бев помала, ја гледав Селена Гомез и си велев: ‘Кога ќе пораснам, ќе имам ваква фризура’. Но, не можев да се охрабрам. Но, ете – дојде тој ден.
Првиот впечаток ми беше: ‘Чекај малку, што направив?’, но отпосле сфатив дека направив многу добра промена. Секоја девојка има ваков момент кога сака промена, а јас ве охрабрувам да ја направите и вие“, рече Мартија во видеото, снимено во фризерскиот салон.




Младата кумановка која се прослави во шоуто „Ѕвездичките на Пинк“ во април минатата година го прослави 21. роденден. Точно на полноќ, таа ја дувна роденденската свеќичка и со чаша коктел наздрави со најблиските.
Неодамна, во „Слободен печат“ Матија зборуваше за нејзината љубовна врска.
„Со Матеј сме заедно речиси две години. Нашата приказна почна многу природно, како пријатели што постепено се зближуваат. Ништо не беше наметнато, сè течеше со свое темпо и токму тоа ја направи нашата врска вистинска и стабилна. Од првиот ден ме третираше со почит, со разбирање и со емпатија, а сето тоа прерасна во длабока љубов“, рече пејачката.
„Матеј е една од најважните личности во мојот живот. Тој ми е најголема поддршка, не само во музиката, туку и во сè што правам. Успехот не е само резултат на труд и талент, туку и на луѓето околу тебе. Кога партнерот те охрабрува, верува во тебе, те разбира дури и во тешките денови, тоа е непроценливо. Без неговата енергија, насмевка и разбирање, сигурно ќе ми беше многу потешко-додаде Мартија.
Таа учествуваше во шоуто „Ѕвездичките на Пинк“ на во 2015 и во 2016 година. Истата година, таа ја претставуваше Македонија на детската Евровизија.


