Фото: EPA/JALAL MORCHIDI

Мароко преку Камерун во полуфиналето на Африканскиот куп на нации

Мароканската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации вечерва откако го елиминираше Камерун со 2:0 во Рабат.

Играчите на Валид Регрег ја оправдаа својата улога на фаворити и успеаја да дојдат до победата против Камерун.

Почетокот на натпреварот беше обележан со нервозна и донекаде неорганизирана игра на двата тима, а Мароко практично од никаде дојде во водство. Во тек беше 26 минута кога Брахим Диас ја искористи топката што Ел Кааби ја фати по корнер и го постигна својот петти гол на овогодинешниот турнир.

Камерун имаше теренска иницијатива во второто полувреме која не им донесе ништо, освен обидот на Енкуду кој заврши покрај голот.

А потоа, нов шок за гостите во 74 минута кога Агерд, по корнерот од Езалзули, го проигра Исмаел Саибари кој со прецизен удар ја запечати судбината на „лавовите“ во овогодинешното издание.

Мароко во полуфиналната фаза ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу репрезентациите на Алжир и Нигерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот