Рек Битола

„Марковски Компани“ и уште две фирми се исфрлени од јавните тендери, соопшти ЕСМ

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека донела одлука да исклучи три економски оператори од идните постапки за јавни набавки, поради „значителни недосатоци во исполнувањето на клучни обврски“, кои довеле до еднострано раскинување на претходни договори. Одлуките се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 167 од 14 август 2025 година.

Според објавата, од понатамошно учество во јавните набавки на државното енергетско претпријатие се исклучуваат:

ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – согласно Одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ бр. 02-7732/31/02 од 03.12.2024 година.
Ел-Те Инженеринг ДОО Скопје – согласно Одлука бр. 02-70/43/1 од 09.01.2025 година.
Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола – согласно Одлука бр. 02-8346/41/12 од 26.12.2024 година.
Во документот е наведено дека причината за исклучувањето се „значителни недосатоци во исполнување на клучни обврски во однос на претходни договори, што резултирало со еднострано раскинување на договорите“ од страна на АД ЕСМ.

Со оваа мерка, трите компании ќе бидат спречени да учествуваат во јавни постапки на ЕСМ во определен временски период, согласно одредбите од Законот за јавни набавки и внатрешните прописи на претпријатието.

Компанијата „Марковски“ и нејзиниот сопственик се осомничени дека правеле злоупотреби со јавни набавки за ЕСМ, а Борче Марковски е во притвор.

Уапсен главниот добитник на тендери од ЕСМ, Марковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот