Фото: EPA/FILIP SINGER

Марко Розе од следната сезона ќе биде тренер на Борнмут

Антони Ираола заминува на крајот од сезоната, а како што се најавуаше пред неколку дена, негов наследник на клупата на фудбалскиот клуб Борнмут ќе биде Марко Розе.

Тоа сега е официјално, објави денеска Борнмут на својата официјална веб-страница, со потпишан договор на три години.

Германскиот тренер претходно ги водеше Салцбург, Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и Лајпциг, а ќе го преземе својот нов клуб на крајот од оваа сезона.

Како што објавија некои англиски медиуми, неговата плата ќе биде околу шест милиони евра годишно.

Најголемите успеси досега во тренерската кариера ги имаше со Салцбург со кој двапати стана шампион на Австрија, а со Лајпциг во 2023 година дојде до пехарите во германскиот куп и Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот