Марко Ројс го продолжи договорот со Борусија Дортмунд
Германскиот фудбалер Марко Ројс официјално го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на уште една година.
Препорачано
Иако се шпекулираше дека има понуди од Саудиска Арабија, 33-годишниот играч за врска во нападот остана верен на „милионерите“.
Од 2012 година ги брани боите на Дортмунд и до сега со клубот двапати го освои германскиот Куп, трипати националниот Суперкуп, а во 2013 беше финалист во Лигата на шампионите.
Неговиот досегашен учинок за тимот од „Сигнал Идуна парк“ е 161 постигнат гол и му недостасуваат уште 17 да биде најдобар стрелец во историјата на Борусија Дортмунд.
– Како тим, ние – исто како и сите наши навивачи – имаме голема цел во нашите умови во моментов, на која е нашиот целосен фокус, да бидеме германски шампиони. За да го направиме тоа, ќе ни треба секој што е верен на клубот. Но, надвор од тоа, сепак навистина сакам да дадам сè од себе за клубот во кој поминав повеќе од половина од мојот живот. Сè уште нема ништо подобро за мене од тоа да постигнувам голови пред најдобрите навивачи во светот на најубавиот стадион во светот и заедно да славиме победи. Затоа сум среќен што го продолжив договорот за уште една година, бидејќи секогаш велев дека нема друг клуб за кој повеќе би сакал да играм од Борусија Дортмунд во во мојата кариера – рече Ројс за клупскиот сајт.


