Марјан Доказ осуден на три години и еден месец затвор

Фото: МИА

Три години и еден месец затвор за Марјан Стаменковски, сопственик на порталот ДоказМ изрече првостепениот суд. Тој е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци.

За злоупотребата на личните податоци доби казна од 5 илјади евра. Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот Доказ ќе престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик.

Стаменковски уценувал вработен во Царина да му плати пари за да не објави текст за него, откако претходно незаконски го прислушкувал. Заканата била дека ќе објавел дека вработениот во Царина имал вонбрачно дете.

Осуден е и за ширење ксенофобичен материјал врз основа на религија, ксенофобичен материјал објавил за две новинарки на „Фокус“ а злоупотребил лични податоци на вработени во јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот