Марјан Доказ не се чувствува виновен, адвокатот очекува ослободителна пресуда

Почна судењето против Марјан Стаменковски, сопственик на „Доказ“/Фото: МИА

Адвокатот на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, се надева дека на крај тој ќе добие ослободителна пресуда.

Бидејќи станува збор за скратена постапка, доказната постапка продолжи со испитување на оштетените, тоа значи дека обвинетиот не призна вина и смета дека не е виновен, дека овде се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност, изјави адвокатот Коста Најков.

Најков додаде дека ќе се изведуваат докази, но не може да каже за какви докази станува збор, но пресудата ќе биде јавна.

Без разлика на тоа што го пишувал Марјан или дали тоа на неколку му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност – односно дали има или не, заклучи тој.

На денешното судење беа присутни и оштетените новинарки Валентина Вурмо и Ирена Мулачка од „Фокус“.

Во однос на вториот предмет што се води против Стаменковски, неговиот адвокат немаше информација и потенцираше дека само Јавното обвинителство може да соопшти за што се работи.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ. Судењето се одвива зад затворени врати, поради заштита на оштетените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот