Марија Шерифовиќ ја преработи една од најубавите песни на Оливер Драгоевиќ (ВИДЕО)

Популарната пејачка го преработи големиот хит на Оливер Драгоевиќ „Ноктурно“.

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ вчера ги израдува своите многубројни обожаватели.

Имено, таа го преработи големиот хит на Оливер Драгоевиќ „Nocturno“ и го објави на својот канал на Јутјуб.

Марија не ја криела радоста дека ја снимила оваа песна.

– Не сум толку речовита да можам да опишам колку ми е чест што добив прилика да ја снимам една од најубавите песни на еден од неповторливите – Оливер Драгоевиќ. Оваа песна се наоѓа и на моето прво издание на хрватскиот пазар. Нека овој проект биде уште еден мост кој го градиме едни кон други, бидејќи музиката служи за тоа. И да, Оливер, благодарам е малку за се што ни даде – напишала Марија на социјалните мрежи.

Слушнете како звучи:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот