Марија Шарапова се враќа на тенисот?

Фото: EPA-EFE/ERIC THAYER

Руската тенисерка, Марија Шарапова по повеќе од три години би можела да се врати на терен.

Така барем прогнозираат некои руски медиуми анализирајќи ги последните потези на некогаш најдобрата ракометарка на светот.

Шарапова се повлече пред три години, се породи минатото лето, доби син Теодор со сопругот Александар Гиликс, милионер од Велика Британија, а сега сонува за враќање на терените.

„Марија во последните месеци повторно почна да се појавува во тениските кругови. Беше на турнирот во Монтреал, се ангажираше во борбата против нееднаквоста во висината наградните фоднови за тенисерите и тенисерките“, истакнуваат во Русија.

Исто така самата потврди дека повторно тренира.

„Се враќам на редовните тренинзи. Вежбам повторно во здраво тело, здрав ум“, порача Шарапова.

Шарапова има 36 години, еден месец е постара од Новак Ѓоковиќ, а и нејзината најголема ривалка, Серена Вилијамс имаше исто толку години кога се врати на терените по породувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот