Маричиќ најави можно усвојување на Законот за рестриктивни мерки во вторник на владина седница

Бојан Маричиќ - Вицепремиер за европски прашања / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката влада Бојан Маричиќ денеска изјави дека нема никакви проблеми во функционирањето на техничката влада и дека очекува така да остане до крајот на мандатот односно до почетокот на изборите. Тој додаде дека веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.

Се очекува во вторник да има можеби, повеќе од една седница и да биде усвоен Законот за рестриктивни мерки, рече тој по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата  „Свети Спас“ во Скопје.

Маричиќ истакна дека името и делото на Делчев доликуваат тој да се слави достојно.

– Драго ни е што нема провокации годинава, името и делото на Гоце доликуваат да се слават без конфликти и злоупотреба, посочи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот