Маричиќ: Eвропската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на Судскиот совет е добра порака до оваа институција

Бојан Маричиќ во Брисел/Фото: Влада на РСМ

Добро е што доаѓа европската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на оваа Судскиот совет оти имиџот на оваа институција е слика за целото правосудство, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој за за емисијата Трилинг вели дека оценската мисија е еден добар чекор, а Владата ќе го прифати.

„Она што сакам дa го кажам за оценската мисија мислам дека е тоа добар сигнал и дека ние треба да го искористиме како можност. Владата тоа мора да го прифати и мислам дека за тоа никој нема дилема и тоа е пред се порака до Судскиот совет и до тоа што се случуваше во изминатиот период“, изјави Маричиќ.

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска соопшти дека ја поздравува и ја прифаќа идејата на амбасадорот на Европската Унија во РС Македонија, Дејвид Гир во која најавува дека веќе и е предложено на Владата да се испрати оценска мисија за работата на ова тело.

Во соопштението се наведува дека Судскиот совет деновиве е изложен на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки.

Судски совет: Изложени сме на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот