Маричиќ: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана

Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

– За време на Втората светска војна, Македонците без двоумење застанаа на вистинската страна на историјата и заедно со антифашистичкиот фронт победија. Речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против злото кое никогаш не смееме да се врати во која било форма и тоа не смееме да се заборавиме. Исто така не смее да се заборави идејата за обединета Европа која се роди петнаесетина години подоцна преку Шумановата декларацијата. Обединети во различностите, со заемна почит едни кон други кон траен мир и просперитет, објави Маричиќ.

Нашата земја, напиша тој, природно припаѓа кон Европската унија. Направивме многу реформи за наша интеграција и очекуваме ЕУ да ги потврди вредностите на кои се темели и процесот за конечно обединување на континентот да продолжи.

– Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана, објави на ФБ Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот