Мареска со заминувањето го изненадил, но и го израдувал Челси
Енцо Мареска и Челси тргнаа по различни патишта, а италијанскиот стратег при разделбата повлекол неочекуван потег, се откажа од отштета вредна дури 16 милиони евра. До раскинот дојде по очајната серија резултати, по која „сините“ паднаа на петтото место на табелата, со огромни 15 бода заостанување зад лидерот Арсенал,.
Препорачано
Мареска го напушти „Стемфорд Бриџ“ минатата недела, по период во кој Челси запиша само една победа на последните пет натпревари. Британски „Сан“ пренесува дека неговата одлука да се откаже од богатата отпремнина дошла во момент кога во јавноста се појавија шпекулации дека веќе остварил контакти со Манчестер сити, како можен наследник на Пеп Гвардиола.
Во меѓувреме, првиот тим привремено ќе го води тренерот на У-21 тимот, Калум Мекфарлејн, а дебито ќе го има токму против Манчестер сити. Според извештаите, Мареска бил длабоко разочаран од чувството дека клупската хиерархија работи зад негов грб, поради што воопшто не сакал да преговара за условите на заминувањето.
Инаку, Италијанецот имал целосно право на 16-те милиони евра, бидејќи во 2024 година, при доаѓањето од Лестер, потпиша петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Со годишна плата од околу 4,6 милиони евра изаминувањето по само 18 месеци на Челси му остави голема сума.


