Соли Марч / Фото ЕПА

Марч даде гол во 15 минута на 15 март

Фудбалерот на Брајтон, Соли Марч на синоќешниот натпревар против Кристал Палас го постигна единствениот гол во победата на домашната екипа од 1:0. Откако го постигна голот, корисниците на социјалните мрежи забележаа нешто интересно.

Марч го постигна голот во 15 минута од натпреварот, а датумот вчера беше 15 март. Фактот што „марч“ на англиски е всушност март го направи овој гол доста интересен, па фановите на социјалните мрежи се пошегуваа со овој интересен настан.

Тимот на Брајтон со вчерашната победа се доближи до местата кои носат во Лигата на шампионите, што уште еднаш докажа колку добро е предводен клубот на Роберто Де Зерби, кој игра одлично во првата сезона на Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот