Манекенката Софија Ричи ја прекина врската со поранешното момче на Кортни Кардашијан!
Манекенката Софија Ричи, ќерка на познатиот музичар Лајонел Ричи и Скот Дисик, поранешното момче на познатата ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан, ја прекинаа својата 3-годишна врска, пренесува E!News.
„Тие раскинаа, но Софија се уште е во контакт со Скот“, изјавил извор близок на парот.
„Немаше никаква караница помеѓу нив. Софија едноставни сака да прави свои работи, додека Скот се грижи за неговото здравје. Таа смета дека на Скот му се случуваат многу работи во моментов и дека е најдобро тој да се фокусира на себе. Таа само се грижи за него и мисли дека за доброто на двајцата доколку тие се разделат. Таа веќе се пресели од кај Скот и често е со нејзиното семејство“, додал изворот.
Но, ова не е прв пат парот да прекине. Како што вели изворот „многу е веројатно тие повторно да се смират“.
Веста за прекинувањето на парот доаѓа само еден ден откако Скот го прослави својот 37-ми роденден со семејството Кардашијан.