Манчестер јунајтед во дилема дали да му понуди нов договор на Де Хеа

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Манчестер јунајтед допрва треба да одлучува за иднината на голманот Давид де Хеа, а клубот размислува да го продолжи неговиот договор за една година.

Важечкиот договор на шпанскиот репрезентативец со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и тие сега размислуваат дали да дозволат еден од нивните најважни досегашни играчи да си замине бесплатно.

Претходно оваа недела Јунајтед објави зголемување на платите за 61,6 милиони фунти во однос на претходната година – пораст од 19,1%. Де Хеа минатата сезона заработуваше околу 350.000 фунти неделно и е најплатен голман.

Британскиот „Телеграф“ објави дека Јунајтед размислува дали да му понуди нов договор на Шпанецот. Неговата голема плата може да се покаже како пречка за продолжување на соработката, откако Јунајтед објави загуби од 115,5 милиони фунти претходно оваа недела.

Се чинеше дека Јунајтед го гледаше наследникот на Де Хеа во Дин Хендерсон пред да биде позајмен во Нотингем форест, и оттогаш тој јавно го критикуваше начинот на кој беше третиран од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот