Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер Јунајтед постави цел за Солскјер, му плаќа значителна сума

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед ќе му исплати на Оле Гунар Солскјер бонус од речиси четири милиони фунти доколку Норвежанецот може да ги одведе „Црвените ѓаволи“ до квалификации за Лигата на шампионите, објавија британските медиуми во петокот.

Се очекува Солскјер да се врати на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната по отпуштањето на менаџерот Рубен Аморим претходно оваа недела.

Неделната плата на Солскјер веројатно ќе достигне максимум 60.000 фунти за време на неговиот втор мандат на клупатаа на 20-кратните англиски шампиони. Вкупната годишна плата на Норвежанецот ќе биде околу три милиони фунти.

Оле Гунар Солскјер заработувал 7,2 милиони фунти по сезона за време на неговиот прв мандат во Јунајтед помеѓу 2018 и 2021 година.

Тимот од Манчестер моментално го води Дарен Флечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот