Лепосава Огњаноска Ставровска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Лепосава Огњаноска Ставровска - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Огњаноска-Ставровска: Во свадбената еуфорија ми открија дијагноза на грлото на матката

Името на Лепосава Огњаноска-Ставровска или Леа, неодамна одекна во јавноста благодарение на нејзината храброст јавно да сподели дека била избркана од работа поради бременост.

Нејзината ситуација отвори важно прашање во нашето општество сериозно да се размислува за промена на Законот за работни односи, со оглед на тоа што веднаш по неа се појавија голем број жени што се соочиле со истото.

 

Огњаноска – Ставровска во „Мамавизија“ ја раскажува нејзината борбена мајчинска приказна што инспирира, охрабрува и прави револуција.

– Јас успеав во мојата битка и денес во рацете ја држам мојата шестмесечна ќерка Лена. За жал, многу трудници кои добиле отказ од работа од стрес го загубиле плодот. Кај мене тој стрес се одрази на бебето, така што во осмиот месец од бременоста, кога ми беше соопштено дека не ми го продолжуваат договорот, поради состојбата, плодот во утробата престана да расте, па така очекувано ќерка ми се роди со многу мала тежина од 2.400 грама. За среќа е храбра и денес одлично се развива – вели нашата соговорничка.

Во емисијата таа открива дека и пред да остане бремена поминала низ тежок период.

– На мојата бременост ѝ претходеше двегодишен период, можност за воопшто планирање на бременоста беше целосно исклучена. Некаде во онаа свадбена возбуда, односно во последните подготовки за свадбената прослава, при еден многу вообичаен рутински преглед, ми беа дијагностицирани предканцерозни промени на грлото на матката, кои две години бараат посебни третмани, одредени терапии. На крајот еден од методите што беше применет беше и оперативен зафат. Во целиот тој период всушност јас почувствував дека навистина сакам да бидам мајка. Во тој период не дозволив да паднам, напротив, се обидував да бидам доволно информирана за да можам да носам информирани одлуки, со целосна доверба во медицинскиот тим кој сепак за тоа е најстручен – рече Огњаноска – Ставровска.

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ вечерва во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот