МАМАВИЗИЈА | Калтрина: Немав контракции, синот не сакаше да излезе, не се подготвував за породување со царски рез
Прекрасната Калтрина Круезиу е мајка на слаткиот фраер Уран. Таа за првпат во „Мамавизија“ открива детали за нејзиното мајчинство, како и за тоа колку ѝ се променил животот откако е самохрана мајка. Калтрина ни откри дека имала тежок период кога помислувала дека нема да може да се реализира како мајка. Бременоста, вели, ѝ била лесна, забавна и помината во лежење и уживање. Можете да ја замислите Калтрина дебела?
Препорачано
Ни раскажа како телото драстично ѝ се променило кога била трудна и апелира до сите трудници да внимаваат и да не се опуштаат толку, не поради изгледот, туку поради здравјето.
– Јас никогаш не сум била дебела, генетски сум била во добра форма, но пред бременоста не вежбав. Кога останав трудна, тој период многу се опуштив, јадев многу, не внимавам воопшто и не се грижев како изгледам, згора на сè и не се движев воопто, секаде со кола. Кога се породив, е таа слика во огледалото ми беше шок. Бебето излезе и тежеше 3.300 килограми, а кај беа другите дваест и две-три? На мене беа! – вели низ смеа таа.
Се присетува на денот на породување како еден од најубавите денови во нејзиниот живот и покрај тоа што не било сè по план.
– Цела бременост се спремав, читав, се информирав за природно породување. Сакав така да се породам, ни на крај на памет не ми доаѓаше дека ќе треба да се породам со царски рез. Меѓутоа, последните недела-две, немав воопшто контракции. Како да не сакаше да излезе бебето, го износев до крај. Поради еден мој медицински проблем, јас имам вродена мана на срцето и поради тоа што имам внатре протеза, докторите не сакаа да ризикуваат да ми дадат лекарства, да не се предизвика некоја тахикардија. И се сеќавам само, ми кажа докторот: „Утре го вадиме бебето.“, Јас му реков: „Чекај, чекај, како го вадиме?“. „Така“, вели, „со царски“. Јас збунета, велам: „Со царски?! Па јас не сум читала ништо како треба со царски“. Докторот ми вели: „Што треба ти да читаш, јас ќе го правам тоа, не ти.“ – низ смеа раскажува таа.

Едно поинакво интервју со популарната инфлуенсерка и мејкап артист, која за првпат пред јавноста раскажува за патот кон мајчинството, за тоа дека поминала низ тешка фаза кога мислела дека нема да остане бремена, за тоа колку синот Уран ѝ го менува животот.
Гледајте „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.


