Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Јана Бурческа: Стресно ја поминав втората бременост, во првата бев бестрашна

Како е да се настапува бремена на Евровизија? дознаваме во „Мамавизија“!

Во најновата епизода наша гостинка е прекрасната водителка и пејачка, Јана Бурческа. Таа е мајка на Дона и Дарин, сопруга на Александар. И додека цела Македонија на спектакуларен начин дозна дека е бремена во нејзината прва бременост, благодарение на романтичниот сопруг, втората бременост ја помина во тајност од јавноста за време на пандемијата.

Во нашата емисија таа за првпат  јавно открива детали за нејзиниот пат кон мајчинството, за тоа како од денешна перспектива гледа на спектакуларното запросување на Евровизија во 2017 година.

-Во четвртиот месец од бременоста на 23 години настапив на големата сцена Евровизија, сон на секој пејач. Тогаш бев во екот на сериозни, специфични и навистина многу макотрпни подготовки за настапот, публиката не го знае тој дел кој претходи на појавувањето пред публиката, тука има милион задачи во кои се вложува многу сила и енергија. Поради мојата блажена состојба секој би рекол дека прво бев многу млада за мајка, второ поради големиот ангажман можеби од нешто треба да се откажам, но не можам да го опишам тоа чувство дека јас тогаш бев по подготвена да станам мајка од било кога. Впрочем, подоцна разбрав дека Дона, е таа што ми покажа и ме научи како да станам мајка – вели таа.

Во емисијата таа со силни емоции се присетува за тоа како нејзината ќерка го добива името по нејзината баба.

– Кога дознавме дека носам ќерка посакав таа да се вика Дона, по мајката на Александар, којашто многи млада го загубила животот. Тоа беше моја желба. Интерсно беше што на прегледите во бременста кога плодот почнува повеќе да се препознава бебето почна да покажува црти кои наликува ан сопругот, односно на неговата мајка. Така Дона е крстена по нејзината баба – рече таа.

Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јана Бурческа – Фото Слободен печат – Методи Здравев

За Бурческа првата бременост поминала глатко, но затоа за втората вели дека ја поминала во страв и стрес.

-Испраќам поздрав до генерацијата мајки 2020 година. Тоа беше тешка година за целот свет, не пак за трудница со пренагласени хормони. Породувањето не ми беше толку голем проблем колку што ми беше хормонскиот ролеркостер за време на полициски час. Да не заборавиме дека на вести катаден броевме жртви, јас секогаш зборував дека ние живеевме во војна. На вести само се броеја повредени и починати, односно заразени и починати. И сега една мајка којашто расте живот во себе е постојано изложена на лоши вести, тоа беше многу страшно – рече таа.

Гледајте „Мамавизија“ на јутјуб каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот