Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Јана Бурческа: Испраќам поздрав до сите трудници од пандемиска 2020 година

Како е да се настапува бремена на Евровизија дознаваме во „Мамавизија“!

Прекрасната водителката и пејачка, Јана Бурческа за првпат пред јавноста открива детали од нејзината прва бременост со Дона,  што и минувало низ глава како млада трудница кога настапувала пред милионска публика, за тоа како од денешна перспектива гледа на спектакуларното запросување на Евровизија во 2017 година, за втората бременост која ја поминала за време на пандемијата.

 

 

Таа е мајка на Дона и Дарин, сопруга на Александар.

-Во четвртиот месец од бременоста на 23 години настапив на големата сцена Евровизија, сон на секој пејач. Тогаш бев во екот на сериозни, специфични и навистина многу макотрпни подготовки за настапот, публиката не го знае тој дел кој претходи на појавувањето пред публиката, тука има милион задачи во кои се вложува многу сила и енергија. Поради мојата блажена состојба секој би рекол дека прво бев многу млада за мајка, второ поради големиот ангажман можеби од нешто треба да се откажам, но не можам да го опишам тоа чувство дека јас тогаш бев по подготвена да станам мајка од било кога. Впрочем, подоцна разбрав дека Дона, е таа што ми покажа и ме научи како да станам мајка во вистинска смисла на зборот – вели таа.

Во емисијата таа со силни емоции се присетува за тоа како нејзината ќерка го добива името по нејзината баба.

За Бурческа првата бременост поминала глатко, но затоа за втората вели дека ја поминала во страв и стрес.

-Испраќам поздрав до генерацијата мајки 2020 година. Тоа беше тешка година за целот свет, не пак за трудница со пренагласени хормони. Породувањето не ми беше толку голем проблем колку што ми беше хормонскиот ролеркостер за време на полициски час. Да не заборавиме дека на вести катаден броевме жртви, јас секогаш зборував дека ние во војна живеевме. На вести само се броеја повредени и починати, односно заразени и починати. И сега една мајка којашто расте живот во себе е постојано изложена на лоши вести, тоа беше многу страшно – рече таа.

Јана Бурческа - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јана Бурческа – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20:00 на јутјуб каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот