Ненад Лазаров - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ненад Лазаров - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Д-р Лазаров: Секој ден работам со жени и сè помалку ве разбирам

Доктор Ненад Лазаров со голема великодушност ја прифати поканата да биде гостин во „Мамавизија“, каде што за првпат пред јавноста открива детали од својот приватен живот. Тој ни раскажува како ги доживеал лично бременостите на неговата сопруга, како се однесувал додека таа се породувала со првото, а како со второто дете. Доктор Лазаров се присетува и на своето детство и ја опишува својата мајка како другарка, бидејќи го родила на само 20 години.

Оваа среда ви носиме една нестандардна епизода на „Мамавизија“ со нашиот гостин, татко на прекрасните Петар и Лена, сопруг на Оливера и еден од најпознатите лекари кај нас, д-р Ненад Лазаров.

Со него отвораме многу важни прашања поврзани со мајчинството. Една од најболните теми е зачестената неплодност. Нашиот соговорник не го гледа како глобален проблем тоа што сè почесто семејствата се соочуваат со инфертилитет.

-Ние сме 8 милијарди луѓе на земјата, расте популацијата, значи проблемот со неплодност не може да се опише како глобална мака. Жените не треба да се навредуваат кога ќе им кажеме дека по 35. година сè се менува нагло. Тоа е биолошки часовник и тоа е факт. Неплодноста генерално се должи на тоа што сè почесто се одлучуваат да станат родители на подоцнежни години. Го разбирам моментот кариера, па и тоа дека сакаат да го видат светот, но според мене тоа е данокот на проблемот со зачнување – вели тој.

Ненад Лазаров - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Д-р Ненад Лазаров – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Трудницата не смее сама да одредува како ќе се породи

Најчесто од преголем страв, трудниците си закажуваат по свој избор да се породат со царски рез, но како што вели докторот, тоа е сива зона и не може да оди по договор, туку само ако докторот процени дека жената не треба да раѓа природно поради одредени здравствени компликации.

-На оваа тема дискутира и медицинската фела, не е јасно одредено законски, па затоа и во пракса функционира тоа така, но само во приватните болници, но тоа е сива зона. Јас и кога работев во приватно здравство давав сè од себе трудницата да ја убедам да се породи природно, секако доколку нејзината здравствена состојба го дозволува тоа – вели тој.

Породувањето на неговата сопруга со првото дете за него било огромен стрес.

-Искрено да ви кажам, јас на првото породување на жена ми со Петар не можев ни во болница да влезам, не па во породилната сала. Се сеќавам дека чекавме надвор на клупа со татко ѝ и тој лекар испаничен и јас збунет, што да ви кажувам. Знаете, кога сте медицинско лице и ви се познати многу работи, е дупло потешко отколку кога сте цивил. За среќа сè помина во најдобар ред – се присетува со силни емоции на овој ден.

Ненад Лазаров - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Д-р Ненад Лазаров – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Докторот е категоричен дека присуството на таткото за време на породувањето е непожелно и непотребно.

-Во пракса само ќе кажам дека повеќе ни сметаат во процесот, не гледам дека има логика нивното присуство. Да се оградам, ова е мое лично мислење, не е став на болница – вели тој.

Гледајте „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот