Малиот борец Тони по 58 дена на интензивна нега, замина дома во Кочани

По 58 дена поминати на Интензивна нега на ГАК, Тони, бебе родено предвреме со само 1.100 грама си замина дома во Кочани. Од Клиниката за гинекологија и акушерство информираа дека Тони е роден предвремено во 31 гестациска недела, но дека ги пребродел сите предизвици на одделот за интензивна нега и си заминал дома во Кочани да биде со семејството.

На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1.840 грама првпат влезе во својот дом.Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје. Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете, напишаа од ГАК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот