Малиот битолски Монмартр вечерва во Старата битолска чаршија

Фото: Васка М. Младеновска

Во срцето на Старата битолска чаршија, во организација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ вечерва свечено ќе биде отворено 42. издание на Малиот битолски Монмартр.

На детската ликовна колонија во Битола, годинава ќе присуствуваат 20 делегации со над 120 учесници од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија.

Организаторите на Малиот битолски Монмартр најавија обемна програма. Годинава за првпат за време на колонијата од 23 до 30 мај, ќе се отворат две изложби на ликовни дела од „Малиот битолски Монмартр низ годините“ и тоа во Генералниот конзулат на Грција и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.

Ликовните уметници ќе ја сликаат староградската и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалните посети на Охрид и манастирот Свети Јован Бигорски.

Тричлената интернационална жири-комисија составена од професори од Португалија, Русија и Романија ќе ги додели наградите за најдобро школо-најдобар ученик и 12 поединечни награди за креативен и уникатен уметнички пристап.

Колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој за 2023 година пристигнаа околу 44.000 детски ликовни дела од над 650 државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 40.000 млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ годинава одбележува 55 години од основањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот