Малдини останува директор на Милан и веднаш направи листа на засилувања

фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Откако двајцата директори Паоло Мадини и Федерик Масара вчера го продолжија договорот со Милан до 2024 година, започнаа со носењето засилувања за следната сезона.

Милан за 2,7 милиони евра го откупи договорот на Алесандро Флоренци кој минатата сезона ја помина на „Сан Сиро“ како позајмен играч од Рома. Флоренци потпиша тригодишен договор со Милан, а минатата сезона одигра 24 наптревари на кои постигна два гола.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини направил список со желби за следната сезона, а највисоко на листата се наоѓаат имињата на играчите на белгиски Бриџ, Шарл де Кетелара и Ноа Ланг. „Росонерите“ ги сакаат во пакет и за нив треба да одвојат околу 60 милиони евра.

Милан е заинтересиран и за играчите на Челси и Реал Мадрид, Хаким Зијеш и Маркос Асенсио. Малдини планира да го донесе Зијеш на позајмица со задолжителен откуп идната годиа за 25 милиони евра, додека Челзи бара пет милиони евра повеќе.

За Асенсио, Милан е подготвен да понуди 20 милиони, но Реал бара 10 милиони евра повеќе.

На листата на желби на Малдини се наоѓаат уште и капитенот на Лацио и репрезентативец на Италија, Франческо Ачерби и стоперот на ПСЖ, Абду Диало.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот