Максим Ацевски е избран за нов државен ревизор

Со поддршка од сите парламентарни партии, денеска во македонскиот парламент под речиси две години беше избран новиот државен ревизор.

Станува збор за Максим Ацевски, кој на оваа функција дојде откако доби 81 гласа „ЗА“ ниту еден не беше против.

Иако имаше договор меѓу партиите кои ја деблокираа работата на Комисијата за избор и именување, тие сепак не ја пропуштија и оваа можност да се расправаат.

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ ја подржаа и ја оценија професионалноста на кандидатурата на Ацевски, сепак пратениците на двете партии разменија обвинувања за досегашната работа и саботирањата што ги направиле партиите кога биле во власт и сега во опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот