Макрон: Израел има право да се брани

Како што е соопштено од Елисејската палата, Макрон изразил загриженост и поради страдањата на цивилите во Појасот Газа.

Францускиот претседател Емануел Макрон, во денешниот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ги осуди ракетните напади на движењето Хамас и оцени дека „Израел има право да се брани”.

Како што е соопштено од Елисејската палата, Макрон изразил загриженост и поради страдањата на цивилите во Појасот Газа.

Судирите меѓу Израел и Палестинците траат веќе петти ден, а досега на палестинската страна загинале повеќе од 100 луѓе и осум на израелската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот